СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја изолираше Македонија, новата влада работи на заштита на државните интереси

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да внесува раздор преку својата политика на поделби, затвореност, тајност и манипулација и лажење на граѓаните, со што работи на директна штета на државните и интересите на граѓаните. Токму со таквата антидржавничка политика, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја поткопуваше меѓународната позиција на Македонија и ја изолираше од демократскиот и цивилизран свет.

Граѓаните на Република Македонија имаа прилика да слушнат дека токму Никола Груевски тајно и далеку од очите на јавноста преговараше и договараше промена на името, со што се повтрди дека работи спротивно на државните и национални интереси.

За разлика од тајното преговарање на ВМРО-ДПМНЕ за стратешките прашања, Владата предводена од СДСМ работи транспарентно и отворено, во заштита на националните и државни интереси, во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи и согласно интересот и потребите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат