А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше образованието, ги понижуваше наставниците и професорите и ги игнорираше потребите на учениците

by А1он25/10/2018 - 17:49165
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ заробено во криминалната матрица на носителот на криминалот Никола Груевски, по сите штети што ги нанесе врз образовниот систем, денес нема никаков кредибилитет да зборува за образовнието.

Преку погубните политики и промашените проекти, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше образованието, ги понижуваше наставниците и професорите и ги игнорираше потребите на учениците.

За разлика од таквиот однос кон образованието на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ посветено работи на унапредување на образовниот систем и инвестира во квалитетно образование.

Со предлог ребаланс за Буџетот за 2018 година се одвојуваат 950 милиони денари, околу 15 милиони евра за долгови на установите од областа на образованието, здравството, детската и социјална заштита под надлежност на општините, доглови направени токму поради неодговорното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За една година зголемени се средствата за ученички и студентски стандард, платата на просветните работници е покачена за 5 отсто, реконструирани се 13 основни училишта низ цела Македонија, а дополнително во градот Скопје и во другите општини се обновуваат и средните училишта, кои беа заборавени во изминатите 11 години.

Очигледна е разликата помеѓу одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и криминалното, антидржавно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 11:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен