СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше достоинството на пациентите и лекарите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години го погазуваше достоинството на пациентите и лекарите и го опустоши здравствениот систем заради остварување на коруптивни и бизнис интереси на поединци, денес, во очај шири лажни вести и лицемерна загриженост.

По 11 години запоставување на здравството, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство, вложуваат и активно работат на унапредување на целокупниот здравствен систем. Со новиот Буџет за 2018 година, лекарите ќе добиваат повисоки плати за пет отсто, а сериозно се инвестира и во медицинска опрема за здравствените домови низ Македонија. Истовремено, според најавите од Министерството, подготвени се низа на краткорочни и долгорочни мерки преку кои ќе се намали смртноста кај новороденчињата и родилките и за најмногу две години од сега таа да биде во рамките на европскиот просек.

Пред да почне да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да ги следи медиумите и јавноста, така ќе дознае за сите реформи во здравството коешто го остави опустошено. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведувањето на зацртаните мерки што ги унапредуваат правата на пациентите, ги подобруваат условите за работа на медицинскиот кадар и го опоравуваат здравствениот систем што со години беше уништуван“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски