СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 10 години ветуваше референдум за решението за името, а сега бега од обврската

Од:

СДСМ реагира на писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно го блокира изборот на Државната изборна комисија со што во прашање го доведува одржувањето референдум за иднината на државата. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ 10 години во секој јавен настап, во секоја изборна програма тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со името. Денес, кога постои Конечен договор, кога реферндумот е извесен, ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин бега од обврската за референдум.

На ВМРО-ДПМНЕ очигледно не му се важни интересите на граѓаните, ниту му е важна иднината на државата. Единствената политичка мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е амнестија на криминалот на врвот на нивната партија и судбината на Никола Груевски.

СДСМ како одговорна и државотворна партија има обврска пред граѓаните да ја обезбеди иднината на Македонија. Никој не смее и никој нема да им го ускрати правото на граѓаните на референдум, слободно да одлучат за својата иднина.

Им се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да остане заложник на нивниот криминал. Граѓаните ќе го кажат последниот збор на референдум, ќе кажат ДА за македонската иднина и влез во ЕУ и НАТО“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници