СДСМ: Власта немаше тајно да носи моторни пили доколку сечењето беше правилно

Од:

Власта немаше тајно да донесе моторни пили, среде ноќ со полициско обезбедување доколку беше убедена дека исправно постапува, велат од СДСМ барајќи одговори од власта во врска со сечата на дрвјата кај хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје.

– Освен што не се почитува определбата на жителите на Центар кои гласаа против политиките на оваа власт, во акцијата беа отстранети граѓани со влечење, по истиот принцип како во собраниските инциденти на 24 декември.Затоа Груевски треба да излезе и да каже пред македонската јавност, дали на вакво пресметување со неистомислениците мислеше кога на Мечкин камен предупреди дека секој обид за оспорување на нивните политики, ќе бил пресретнат.Дополнително, дрвјата се исечени во отсуство и на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во чиј ингеренции е давањето дозвола. Бараме надлежните органи да го покажат документот, со чиј потпис е соголен паркот кај Бристол, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ го повика премиерот, градоначалникот, Владата да им ги дадат сите овие одговори на граѓаните кои тоа го очекуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски