СДСМ: Власта не сака решение за 24 декември, па ја лаже јавноста

Од:

СДСМ во целост ги отфрла неточните, лажни и со ништо непоткрепени информации, лиферувани преку медиумите контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се обвинува СДСМ за нефункционирањето на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. Со лиферување на овие лажни информации, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември, туку и дека никогаш искрено немало намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на први март, изјави денеска партискиот портпарол Петре Шилегов.

Тој нагласи дека СДСМ во целост и крајно принципиелно ги исполнил сите обврски од тој договор, затоа што СДСМ секогаш во прв план го ставал интересот на граѓаните.

– Уште повеќе, надвор од договорените обврски, СДСМ без условувања и без оглед на завршницата од работата на Комисијата, донесе одлука во полн капацитет да учествува во работата на институциите. Од своја страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ не стори ништо да се одблокира функционирањето на Комисијата, затоа што не сака обелоденување на вистината за тоа што се случи на 24 декември во Собранието. Од тие причини, ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да посочи барем еден чекор што го има направено во таа насока – вели Шилегов.

За натамошното функционирање на Комисијата, вели Шилегов, по повлекувањето на претседателот Давитковски, одговорноста бил на власта и претседателот Иванов, кој ја имал обврската за именувањето прв човек на Комисијата.

– Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради тоа што притиснаа роковите за заклучоци во врска со инцидентите, еден од условите што ѝ ги постави Брисел на земјава. СДСМ уште еднаш ja повикува власта на крајна сериозност, затоа што лошите политики на Груевски и на оваа Влада во континуитет ја комплицираат европската иднина на земјата – тврди Шилегов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис