СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ итно да го спречи хаосот во училиштата во Крива Паланка

Од:

Апелираме власта на ВМРО-ДПМНЕ итно да го спречи хаосот во училиштата во Крива Паланка. Tри дена по почетокот од учебната година првачињата од ОУ “Јоаким Крчовски” се соочуваат со вистинска голгота, велат од СДСМ.

Без образложение се прави прераспределба на учениците во различни паралелки и кај различни класни раководители. Децата се во солзи од стресот, родителите нервозно прашуваат што се случува, а наставниците креваат раменици, додаваат оттаму.

Која е причината за прераспределбите во последен момент?

Бараме одговори и одговорност од директорот на училиштето. Ги повикуваме надлежните веднаш да го решат овој случај со што ќе се спречат дополнителни трауми на првачињата и другите ученици, нивните родители и на наставниците со коишто стартуваше училишната година, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски