СДСМ: Владините медиуми постојано погрешно ги пренесуваат ставовите на опозицијата

Од:

„Владините медиуми постојано се обидуваат со невистини и тенденциозно пласирање на шпекулации да ја анализираат работата на СДСМ и опозицијата и погрешно да ги пренесуваат нејзините ставови.

Последен пример се насловите и текстовите во „Курир“, „Прес24“, „Република“ и останатите владини медиуми кои немаат никаква врска со вистината и создаваат амбиент на континуирано неточно информирање на граѓаните, спротивно на сите новинарски стандарди за професионално и објективно известување.

СДСМ веќе информираше дека централна тема на редовниот состанок на Извршниот одбор со пратеничката група беа активностите и учеството на пратениците во фазите од реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на партијата.

Членовите на Извршниот одбор на СДСМ и пратеничката група разговараа и за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

Беше констатирано дека владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичка конфузија во којашто се наоѓа Собранието на Република Македонија.

Пратениците на опозицијата пред пет месеци ги депонираа своите оставки во Собранието. Трајко Велјановски може да ги верификува во секој момент и нема потреба од поврзување со било какви датуми за тоа да го стори“, се вели во писмената реакција на СДСМ на пишувањата на владините медиуми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски