СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по пропустите и пустошот во инфраструктурата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по огромните пропусти и пуштошот што го направи во инфраструктурата.

Токму неспсообноста на ВМРО-ДПМНЕ придонесе граѓаните да бидат оштетени за стотоици милиони евра, а пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ во инфратруктурата и затоа очајно шири лажни вести. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, надминати се сите пропусти и автопатот е пуштен во употреба.

За разлика од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ сериозно вложува во развој на инфраструктурата што овозможува подобра поврзаност на граѓаните, економски раст и квалитетен и ефикасен транспорт“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски