СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаматено по негрижата кон културното наследство

Од:

СДСМ соопшти дека 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по неодговорност и негрижа за културното и историско наследство на Македонија.

– Состојбата со Музејот на Македонија кој е целосно запуштен и руиниран со срушени плафони и мувлосани ѕидови, каде што над 120 вредни икони се чувале во крајно несоодветни услови е само еден од доказите за незаинтересираноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на културното наследство, соопшти СДСМ.

Според партијата, долгогодишната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за вистинското културно наследство резултирала со огормни штети врз најзначајните културно-историски градби. Како алармантно загрозени поради изградба на нови градби или запуштени од негрижа СДСМ ги посочува археолошките остатоци на Плаошник, античкиот локалитет Хераклеа, скопскиот аквадукт, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Курбиново, Скопското кале, локалитетот „Скупи“.

– Додека вистинското историско и културно наследство беше занемарувано и оставено да скапува и да се распаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на сомнителни тендери за градење лажен барок, скапи споменици и „новокомпонирани“ културни наследства како Порта Македонија и Музејот на ВМРО за кои се потрошија над 23 милиони евра пари на граѓаните. Со таквиот однос кон културното и историското наследство, ВМРО-ДПМНЕ ги погази идентитетот, националните и државните интереси, наведува СДСМ, додавајќи дека новата Влада што тие ја предводат ќе работи на санирање на штетите направени од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он