СДСМ: Владата води суштинска, а не фасадна политика

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и осомничениот Христијан Делев не можат да се помират со фактот што новата Влада предводена од СДСМ реши низа проблеми што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски со години ги игнорираа и што работата на Владата и парламентарното мнозинство од ден на ден добиваат се поголема поддршка од граѓаните.

За неполни сто дена, реформската и отворена Влада предводена од СДСМ, сериозно се зафати со решавање на проблемите и на унапредување на квалитетот на живот на сите категории граѓани. Преку одговорно работење и преку кратење на непродуктивните трошоци, се ослободија средства за спроведување на зацртаните мерки во интерес на граѓаните.

Трајно се решава проблемот на околу 3000 стечајци кои ќе добиваат месечен надоместок од 7596 денари. Минималната плата се покачува на 12 000 денари за сите работници, вклучително и на оние кои се вработени во текстилната, кожарската и индустријата за обувки. Обезбедени се дополнителни 10 милиони евра за помош на земјоделците и 60 милиони денари за поддршка и на туристичките капацитети во Република Македонија и за годишен одмор за најслабо платените работници. Од први октомври сите граѓани повторно ќе можат да користат евтина дневна тарифа на струјата секој ден по два часа. Истовремено, со реален пристап и со раздолжувања и задолжувања со многу помала каматна стапка намален е јавниот долг што ВМРО-ДПМНЕ го остави зад себе.

Ова се само дел реформите што парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ ги спроведоа за краток рок. Владата предводена од СДСМ е влада од збор и води суштинска, а не фасадна политика. По победата на локалните избори, таквиот одговорен пристап ќе се преслика и на локално ниво, а општините ќе добијат нова локална власт предводена од СДСМ која ќе го унапредува квалитетот на живот и на локално ниво“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија