СДСМ: Владата отвора фронт против корупцијата, следува ред, правда и дисциплина

Од:

„Новата ефикасна и одговорна Влада преводена од СДСМ отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, цврсто одлучна да обезбеди редот и законот да важат за сите и секаде подеднакво.

Во новата програма на Владата, поставени се јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување прецизни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители.

Транспарентноста и отвореноста се врвен приоритет, а тие ќе бидат спроведени од највисоко до најниско ниво“, соопштуваат СДСМ.

„Ќе се работи на развивање на системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите, за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните.

Се работи на ревидирање на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, а главната максима во неговата имплементација е нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да сноси одговорност.

Сите надлежни институции како што се МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, УЈП, инспекторатите и целата извршна моќ и институции кои имаат надлежност и се платени од граѓаните да се борат против криминалот и корупцијата, редовно ќе се координираат и ќе се премостат сите пречки во нивната меѓусебната комуникација.

Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, чесни, одговорни и искрени кадри, на што во следните четири години Владата ќе посвети сериозно внимание.

Владата предводена од СДСМ е цврсто решена да обезбеди ред, правда и дисциплина и силни, ефикасни и професионални институции и тоа ќе го стори во новиот четиригодишен мандат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана