А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата останува посветена на унапредување на здравствениот систем

by А1он10/07/2018 - 12:41121
Share0

„Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што го унапредуваат здравството и условите за работа на медицинскиот персонал.

Добивај вести на вибер

Подготвена е мапа на јавните здравствени установи со точно утврден недостаток на кадар во секоја јавна здравствена установа. Врз тој основ ќе бидат распишани и конкурсите за специјализација.

Младите лекари се вработуваат веднаш по дипломирањето, а како дополнителен мотив најдобрите 10 студенти во секоја генерација ќе добиваат бесплатна специјализација.

Веќе се покачени коефициентите за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа. Лекарите со тоа земаат од 3.000 до 10.000 денари и повеќе поголема плата во споредба со платите што ги земаа пред три месеци. Платите се зголемени од 20 до 40%. Дополнително, од септември следува покачување од 5% на платите на сите здравствени работници во земјава.

Во септември се предвидува распишување конкурс за државни специјализации со зголемени квоти, а бројот и видот на специјализации ќе биде креиран според процените од терен. Дополнително, за прв пат во Македонија се обезбедија средства за исплаќање на надоместок на приватните специјализанти за нивниот труд и работа во висина од минимално загарантирана плата за општ лекар. Веќе почнаа исплатите за околу 200 специјализанти, а дополнително ќе бидат исплатени уште 92ца кои беа запишани на специјализација со јануарскиот конкурс годинава.

Покачувањето на платите, зголемување на парите за дежурства и ноќен труд, како и едукации и обуки на лекарите од странски експерти се мерки преку кои се прават напори за спречување на одливот на лекари од Македонија. Дополнително, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство напорно работат во подобрување на условите за работа, како и модернизација на образовниот процес, инвестирање во нова и современа опрема и целокупно реформирање на здравствениот систем во Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на Алијанса за Албанците.

sdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен