СДСМ: Владата обезбедува успешен и безбеден наставен процес – 88% од учениците следат настава на далечина

Од:

„Владата предводена од СДСМ и во време на сериозна пандемија, обезбеди непречен тен на образовниот процес, како со учење на далечина, така и со физичко присуство на учениците и наставниците во училиштата.

Онлајн наставата без поголеми потешкотии ја следат 88% од учениците, а овој процент од почетокот на учебната година е зголемен за 18%, благодарение и на иницијативите на локалните самоуправи кои за исклучително краток период, преку донации обезбедија ИТ уреди за учениците и наставниците кои ја немаа потребната опрема“, велат од СДСМ.

„За останатите ученици коишто немаат можност да следат онлајн настава, секојдневно се емитуваат 15 минутни часови на телевизија преку Националната радио-телевизија на македонски и на албански јазик, но и наставниците имаат обврска да доставуваат печатени материјали до децата и на дневно ниво да комуницираат и да го следат нивниот напредок во совладувањето на материјалот.

Во околу 600 училишни објекти во државата се одвива настава со физичко присуство на учениците и наставниците, под строго утврдени протоколи и алгоритми.

Учениците и наставниот кадар кои се вклучени со физичко присуство во образовниот процес треба да продолжат доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од коронавирусот со тоа да го заштитат сопственото и јавното здравје.

Владата предводена од СДСМ со одговорен и системски пристап со овој комбиниран модел, обезбеди успешен старт на учебната година и успешен наставен процес.

СДСМ продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на учениците и наставниците“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината