СДСМ: Владата нема решение за економските предизвици на Република Македонија

Од:

По предупредувањата на опозицијата, на сите релевантни меѓународни финансиски институции и домашните експерти, вчера се огласи и гувернерот на Народната Банка г-нот Богов, кој се охрабри да го констатира очигледниот факт, дека оваа година Македонија, или ќе има незначителен, или ќе нема раст.

По промашената проекција од 4.5 % од пред една година, Владата направи ревизија на проекцијата на 2.5 % за која остана уште само таа самата тврдоглаво да инсистира.

Од друга страна, во исто време, кога премиерот помпезно сече црвени ленти, претставувајќи ги како инвестициски бум, Народната Банка го демантира со уште една поразителна информација а тоа е дека годинава во Македонија странските инвестиции се паднати на само 73 милиони евра, или три пати помалку од лани.

Се поочигледен е фактот дека Владата нема решение за економските предизвици на Република Македонија, туку единствено ги одложува проблемите, притоа безмилосно и неконтролирано задолжувајќи ги сите граѓани на Република Македонија.

Со своите погрешни проекции, владата натрупа огромни долгови кон претпријатијата и со тоа ја предизвика најголемата криза на неликвидност во поновата македонска историја, што беше и основната причина за овогодинешната рецесија.

Дополнително, со тврдоглавоста и инаетот да не ја прифатат реалноста, Владата безмилосно ја задолжува македонската економија, а според најавите тој тренд само се засилува.

Сакаме да ја повикаме Владата, да се охрабри и да ја признае економската рецесија во која е западната македонската економија. Да ја признае и прифати реалната проекција за растот на македонската економија за оваа и наредната година.

Конечно, уште еднаш ја повикуваме Владата, под итно да ги прекине сите непродуктивни трошења за реклами, фасади и споменици. Да спроведе политика на заштеди и парите да ги пренасочи во ублажување на последиците од економската рецесија која ја има зафатено Република Македонија, рече Миле Андонов на прес конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција