СДСМ: Владата гради ред, правда и дисциплина – секој што се огрешил пред законот, ќе се соочи со законот

Од:

„Ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото се врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ во новиот мандат.

СДСМ е посветена на градење општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, се залага за држава со нулта толеранција за корупција и криминал, каде секој што го прекршил законот, сноси одговорност.

Граѓаните бараат и очекуваат ред и неселективна правда, еднаквост пред законите. Токму затоа, уште во првите денови од својот мандат Владата предводена од СДСМ покажа дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата“, велат од СДСМ.

„Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните.

Министерството за внатрешни работи, со континуираните акции покажува дека има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите, покажува дека редот и законот важат за сите и секаде подеднакво.

Силната определба на Владата за ред, правда и дисциплина се гледа и со назначувањето на потпретседател на Владата задолжен за борба против криминал и корупција, кој ќе ги координира сите институции за да се максимизираат капацитетите во борбата против корупцијата и криминалот.

СДСМ гради неселективна правда, секој што се огрешил пред законот, ќе се соочи со законот“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски