• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата ги направи институциите достапни и отворени за сите граѓани

by А1он07/09/2017 - 10:3595
Share0

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажаа дека институциите можат да работат одговорно, отчетно и во служба на граѓаните, се наведува во денешното партиско соопштение.

Добивај вести на вибер

– СДСМ, преку Владата што ја предводи и преку парламентарното мнозинство, ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните и ги отвори институциите, кои наместо како досега да работат во интерес на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, денес работат во служба на граѓаните, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека со Одлука на Владата предводена од СДСМ од 1 септември клучните институции работат двосменско.

– Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги и службите за издавање лични карти и пасоши во МВР сега работат до 21:30 часот и им се подостапни на граѓаните, истакнуваат од СДСМ.

Во Министерството за труд и социјална политика, како што посочуваат, воведен е „Отворен ден со граѓаните“, секој петок од 9 до 13 часот.

– Декласифицирани се информациите кои се однесуваат на службени патувања, репрезентации и доделување државна помош за странските компании, а со одлука на Владата, достапни и бесплатни се информациите од Централниот регистар и од Катастарот за новинарите кои работат истражувачко новинарство, се додава во соопштението.

По локалните избори, како што истакнуваат од СДСМ, начелата на отчетност, професионалност и одговорност на Владата ќе важат и на локално ниво, кога и локалните инситуции ќе работат единствено во служба на граѓаните.

sdsm

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 20:27

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски26/01/2026 - 12:3026/01/2026 - 13:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен