(ВИДЕО) СДСМ: Заев не поттикнува поткуп, туку повисоки плати за работниците

Од:

Владејачката партија СДСМ, реагираше на обвинувањата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој на прес-конференција објави инсерт од видео на кој се гледа како премиерот повикува сопственици на компании и бизнисмени да ветуваат или даруваат подарок за работниците, во замена за глас на референдумот.

Оттаму велат дека Заев е премиер посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците.

„Поддршката за домашните претпријатија од страна на државата е силен поттик за менаџерите на компаниите да ги покачат платите на работниците. Само мотивирани работници може да ја креираат економијата, да бидат нејзин двигател. Само така можеме да обезбедиме квалитетен живот, достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, напредна и просперитетна Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

Додаваат и дека премиерот ќе продолжи да биде мотиватор и поддржувач на работниците во борбата за обезбедување подобри работнички права и повисоки плати.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски