СДСМ: Владата донесе нови мерки за поголема заштита од коронавирусот, сите да ги почитуваме, да го заштитиме јавното здравје

Од:

„Состојбата со коронавирусот е навистина сериозна, бројот на новоинфицирани континуирано расте, а болничките капацитети се полнат, затоа сите треба да бидеме свесни дека од секој граѓанин зависи како ќе се развива состојбата.

Потребна е голема свесност, одговорност и дисциплинираност во почитувањето на постоечките мерки и протоколи – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција и мисење на рацете.

На сила стапуваат и последните препораки на Комисијата за заразни болести, кои ги прифати Владата предводена од СДСМ, со кои се ограничува работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% и целата државна и јавна администрација, општините и судовите, да работат во смени, онлајн или со систем на ротации“, велат од СДСМ.

„Претходно Владата на Комисијата за заразни болести ги прифати мерки, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од 4 гости во едно домаќинство, а за кои се потребни измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Мерките за запирање на есенскиот бран на коронавирусот сега се пред пратениците, кои треба да покажат одговорност и итно да ги донесат мерките за заштита од коронавирусот, бидејќи се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства, за да се спречи натамошното ширење на вирусот и притисокот врз здравствениот систем.

Коронавирусот не чека, и токму затоа сите граѓани мора совесно и дисциплинирано да ги почитуваат мерките за заштита и ковид протоколите.

Борбата против коронавурусот е заедничка и зависи од совесноста и одговорноста на секој еден граѓанин“, се вели во сооштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени