СДСМ: Владата да се откаже од скапите споменици и реклами

Од:

СДСМ го поздрави потегот на Владата што „конечно излезе со предлог мерки“ но сметаат дека беше погрешна одлуката на Владата да го одбие пакетот 27 економско социјални мерки, кои СДСМ ги предложи уште пред неколку месеци, и коа беа наменети за преживување на кризната 2012 година.

„Се уште опстојуваме на нашиот став дека најдобра мерка која што Владата мора да ја преземе е итно да се откаже од скапите и крајно непродуктивните трошоци, како споменици, огради, врби и реклами и тие буџетски средства да ги пренамени за да ја ублажи економско-социјалната криза“, се вели во соопштението од СДСМ во врска со сетот од 12 мерки за подобрување на економската состојба на граѓаните.

Од СДСМ велат дека ќе ја прифатат секоја мерка која ќе го олесни животот на граѓаните и ќе му помогне на стопанството да опстане.

„Но ако Владата и понатаму одбива да се откаже од луксузирањето и денешната прес конференција ќе остане само уште една декларативна заложба, а работите ќе останат исти, како и во изминативе шест години“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците