А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Владата да не троши пари за реклами, нека им помогне на стечајците

by А1он12/11/2012 - 14:24196
Share0

Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието достави предлог закон за материјално обезбедување на лицата кои останале без работа поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост.

Добивај вести на вибер

Со законот се бара сите  стечајни работници кои имаат најмалку 15 години  на осигурување и 50 години старост за жени и 53 години за мажи да примаат месечен надоместок во висина од 30 проценти од просечно исплатената нето плата по работник во претходната година, односно околу 100 евра.

– Овој закон го поднесуваме во име и на барање на сите оние кој во изминатите 15, 20, 25 или 30 години работеле во македонски компании  и кои ја граделе оваа држава и овие институции, изјави Марјанчо Николов, претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

СДСМ смета дека преку носењето  на ваков закон државата треба да докаже дека навистина е социјална и обезбедува социјална правда  и сигурност за своите граѓани. Од партијата бараат Владата да ги пренамени парите од реклами за решавање на проблемот на стечајците.

sdsmstecajci

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен