СДСМ: Вистински паразит е Мицкоски, земал 50.000 евра од граѓаните за две години

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија. Прв и главен меѓу вистинските паразити е Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

„Како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.

Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 50.000 евра пари од граѓаните.

Сето ова се случува во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет.

Еве кои се вистинските паразити кои на грбот на граѓаните примале огромни месечни приходи народни пари, со години“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел