СДСМ: Виртуелните зони на Груевски се празни ливади

Од:

„Пред да се расфрла со нови виртуелни инвестиции Никола Груевски треба да одговори пред граѓаните за сите лажни, виртуелните индустриски зони коишто со години се само празни ливади.

Во 2012 година Груевски најавуваше изградба на технолошко-индустриска зона во Гевгелија, локалитет Прдејци. Денеска, после цели три години наместо индустриска зона зјае празна ливада.

Investicija1 (1)

Ветената индустриска зона Опаленик, уште пред 7 години, требаше да биде изградена во близина на патот Крушево-Прилеп, кај селото Алданци.

Investicija2

Наместо индустриска зона, со години стои празна ливада како симбол на лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

Доказ дека Никола Груевски во деновите пред неговото заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони и виртуелни вработувања од неговиот виртуелен свет.

-Investicija3

Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре.

На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија!

Investicija4

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Opalenik 1

Во реалноста ниту имаа странски инвестиции ниту има нови работни места. Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

Investicija5

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Opalenik 2

По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места.

TIRZ Gevgelija

Граѓаните не му веруваат на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски