СДСМ: Виртуелните инвестиции на Груевски се нови шарени лаги

Од:

„На ВМРО-ДПМНЕ и требаа повеќе од 5 часа да смисли некакво оправдување откако Никола Груевски беше фатен дека лаже за 600 милиони евра виртуелни инвестиции во железницата.

Мислеше ВМРО-ДПМНЕ, мислеше, после цели 5 часа смисли и самата го демантираше Никола Груевски со што потврди дека 600 милиони евра се нова шарена предизборна лага.

Оправдувањето на ВМРО-ДПМНЕ е конфузно, партијата вели само што не започнале инвестициите во железницата ама после 7-8 години. ВМРО-ДПМНЕ без никаков срам споменува некакви рокови од 2020 годна, 2018, 2016, па дури и од 2022 година.

Граѓаните не можат да се изначудат. Цели 10 години Никола Груевски не инвестираше во железницата, се намали бројот на локомотиви и патнички гарнитури, не се обновија старите и застарени железнички пруги.

Сега, 2 месеци пред крајот на мандатот Груевски ветува виртуелни проекти и се расфрла со милиони од ракав.

Што чекаше Никола Груевски во изминатите 10 години? Да не бараше други локации за постојните железнички линии како што бараше локација за студентски дом цели 10 години?

Замислете, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека за делницата Крива Паланка-Деве Баир, рокот за изградба ќе бил 2019-2022 година а реализацијата би започнала од 2018.

На граѓаните им е јасно, ама и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека инвестициите, реконструкциите и осовремнувањето на железницата ќе го направи владата на СДСМ, по 24-ти април.

Времето на Никола Груевски помина. Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците