СДСМ: Виртуелни инвестиции во Охрид, капитал за ВМРО-ДПМНЕ, банкрот за граѓаните

Од:

„Ги немаше во Охрид синоќа Груевски и Ставрески, па тие да им објаснат на охриѓани “за оствареното и најголемиот политички капитал“  на ВМРО-ДПМНЕ.

“Капиталот на ВМРО-ДПМНЕ и кредитот за во иднина“ за коишто зборуваа Антонио Милошоски и Илија Димовски е огромнот капитал на поединци во врвот околу Груевски на сметка на банкротот на граѓаните и државата.

Елитен индиски туризам А ла Субрата Рој, што ќе привлече богати луѓе од светот, им најави лично Груевски на охриѓани во изборната кампања пред три години.

“Што пат дадовме да го убедиме да инвестира“, тврдеше тогаш Груевски.

И не само пат. Груевски и Ставрески му дадоа на криминалецот мултимилијардер и бизниси на плажите во Охридското езеро, и плодна земја на граѓаните низ Македонија.

Субрата Рој најави неколку стотини милионска инвестиција во хотелски комплекси во Љубаништа. Проектот Сахарајан Македонија ќе се градеше на 240 хектари во околината на Охридското Езеро и ќе содржеше хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти.
 
Ставрески го потврдуваше тоа, прегрнат на кајче со партнерот Рој, кого го гоштеваше богато со пари од граѓаните, на кои им ветуваа и филмови во Македонија.
Во прилог се виртуелните шеми на виртуелните инвестиции на Рој, Груевски и Старески.
 
Денес нема ни Р од Рој, како што нема ни С од виртуелната инвестиција Сахаријан Македонија во Љубаништа.
 
А да беше само таа инвестиција на Груевски и Ставрески виртуелна, можеби тие и ќе отидеа синоќа во Охрид.
Остана виртуелна и индустриска зона Мауцкер најавена во февруари лани на локацијата на военото стрелиште.
Зоната Мауцкер денес е депонија.
 
Виртуелен остана и хотелот Хилтон до Инекс Горица, од кога Груевски во 2007 година најави влез во Македонија на познатиот светски хотелиерски бренд Хилтон.
 
Ова е неоствареното во Охрид, за што немаа лице да дојдат пред охриѓани Груевски и Ставрески, па ги пуштија да се дават Милошоски и Димовски.

Затоа граѓаните и СДСМ велат Стоп за задолжувањата! Грижа на СДСМ и граѓаните се и сегашните и идните генерации“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје