СДСМ: Виртуелни 5.600 вработувања!

Од:

„Точно пред една година, на 22.11.2014 година, во интервју за Сител телевизија, Никола Груевски најави дека компанијата Веибо Груп за еден месец започнува инвестиција и дека ќе го зголеми бројот на работни места на 5.600.

„Не 4.000 како што најавија, туку ќе вработат 5.600 лица.“ рече Никола Груевски точно пред една година.

Ова инетрвју, веднаш беше објавено и на „Курир“, со видео извадок:

(http://kurir.mk/makedonija/vesti/179713-Veibo-grup-namesto-4000-ke-vraboti-5600-lica)

Никола Груевски повтроно излажа.

Денеска, точно после една година може да заклучиме дека виртулените инвестиции и виртуелните работни места на Никола Груевски не постојат!

Изјавите на Никола Груевски го демантираат Никола Груевски.

Човекот што 10 години зборува за виртуелни инвестиции, на крајот од мандатот повторно се расфрла со милиони и виртуелни проекти. Но никој не му верува.

Во истото интервју на Сител телевизија, Груевски виртуелно споменува инвестиција од 400 милиони долари, две фабрики за вработување на работници од Крива Паланка, Кратово, Ранковце и Куманово.

Во слободната зона во Ранковце денеска нема ништо освен изорана ливада и неколку незавршени објекти.

Виртуелните инвестиции на Никола Груевски носат нула работни места!
Дополнително, пред само неколку дена 1.000 рудари останаа без работа, со што се зголеми бројот на невработени.
Затоа граѓаните не веруваат на виртуелните инвестиции и виртуелните проекти на Никола Груевски.
Граѓаните знаат.
Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците