СДСМ: ВИП кабините на жичарницата се само уште еден доказ за расипништвото на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВИП кабините на скопската жичарница е само уште еден во низата докази за степенот на расипништво на централната и локална власт што беа предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Додека ја туркаа Македонија и нејзините граѓани кон сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ и неговите кадри ја задолжуваа државата за луксуз на поединци.

Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми, властите од ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво парите на граѓните ги трошеа единствено за луксуз и криминално богатење на мала група луѓе околу Никола Груевски.

Времето на расипништво заврши, се работи во интерес на граѓаните.

Централната и локална власт предводена од СДСМ ставаат крај на расипништвото и непородуктивните трошоци и парите на граѓаните ги насочуваат во реалзиација на мерки што носат економски развој, повеќе пари назад кај граѓаните, повисок животен стандард и квалитетен живот за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО