СДСМ: Ветото на Бугарија е стратешка грешка на штета на европските вредности, нашата македонска иднина е во ЕУ

Од:

„Ветото на Бугарија е стратешка грешка на штета на европските вредности, нашата македонска иднина е во ЕУ

Неодобрувањето на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија.

Со таквиот потег, Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите“, соопштува СДСМ.

„Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија.

Македонскиот национален идентитет не беше, не е и во ниту еден случај нема да биде предмет на преговори и разговори.

Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на нашиот македонскиот идентитет.

Ветото од Бугарија нема да не обесхрабри, нема да дозволиме застој на внатрешните реформи што се за доброто на нашите граѓани и нашата држава. Напротив, Владата, државните инстуции, ќе го засилат темпото и ќе ја зголемат предноста во реформи што Северна Македонија ја има во однос на државите од регионот.

Владата предводена од СДСМ останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО и ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ!

Европските стандарди ги носиме дома. За нас, како и за огромното мнозинство граѓани нема нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ. Нашата, македонска иднина е европска“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он