СДСМ: Вељаноски можеше да ја спречи целата оваа пародија што се случува во Собранието

Од:

Неодговорноста постои исклучиво во власта, таа е кај Трајко Вељаноски и Никола Груевски.

Да го направеше тоа што му налага Уставот, да ги констатира оставките на опозициските пратеници, Вељаноски ќе ја спречеше целата оваа пародија што се случува во Собранието.

Пратениците од опозицијата побараа да не им бидат верификувани мандатите, па потоа поднесоа оставки, уште во мај, оваа година.

И покрај тоа, власта, на чело со спикерот Вељаноски, насила ги верификуваше мандатите и не ги констатираше оставките повеќе од 6 месеци. На овој начин пратениците беа оневозможени да ги извршуваат професиите кои ги извршуваа пред да станат пратеници.

Јасно е дека за штетите коишто се направени од Буџетот виновен е Трајко Вељаноски. Граѓаните, пратениците, не се должни да ги плаќаат неговите хирови и неговото кршење на Уставот. 

Очекуваме Јавното обвинителство да покрене постапка против Трајко Вељаноски за злоупотреба на службената должност и да го повика на одговорност за злоупотребите што ги има направено, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он