СДСМ: Велјаноски лаже, може и мора да свика седница, да не се надева дека Иванов ќе го спаси

Од:

„Трајко Велјаноски лаже. Трајко Велјаноски може и мора да свика седница за покренување постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓи Иванов.

Ѓорге Иванов со неговата одлука за заштита на криминалците од власта за кои СЈО има отворено истраги, ги погази Уставот, законите и достоинството на граѓаните, што е државен удар.

Ударот врз правниот поредок од страна на Ѓорге Иванов е сериозна потреба за свикување на Собранието.

Велјаноски по којзнае кој пат ги крши надлежностите, Уставот, законите, Деловникот, со што само го потврдува тоа што јавноста го знае, дека и тој е дел од злосторничкото здружување против Македонија.

Мандатот на пратениците, според член 15 од Изборниот законик трае до денот на верификација на мандатот на новоизбраните пратеници, а согласно Уставот Собранието е во постојано заседание.

Трајко Велјаноски не може да ја спаси криминалната банда на Груевски.
Велјаноски напразно се надева дека одлуката на Иванов може да го спаси и него од одговорност за тоа што ги кршеше Уставот и законите за време на неговите мандати.
Затоа Велјаноски бега од закажување седница за разрешување на Иванов.

Криминалната банда којашто не сака да ги врати кај граѓаните украдените пари не може да избега од правдата со одлуката на Иванов, ниту со помошта на Велјаноски, кои се нивни соучесници.

Криминалците ќе одговараат за криминалот.
Ќе одговараат и соработниците.

СДСМ заедно со граѓаните ја враќа правдата и слободата во Република Македонија.
Помеѓу Груевски и Македонија, граѓаните избираат Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата