А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Велес: ВМРО ДПМНЕ освен за улични кумови за ништо друго не ги бива

by А1он07/11/2012 - 15:24155
Share0

СДСМ Велес укажува на состојбата во Велес. Потсетија дека  ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Горан Петров за време на  изборната кампања на локалните избори 2009 година со нивната изборна програма „ Заедно можеме повеќе“  на 39 страница ќе запишат и ќе ветат – поплочување и поставување осветлување на пешачката патека на улицата “8 ми Март“.

Денеска 2012 години , рекоа,  од кога поминаа 3,5 години од мандатот на градоначалникот Горан Петров и ВМРО-ДПМНЕ, жителите од оваа улица ниту видоа поплочување, ниту имаат осветлена пешачка патека.

Следете a1on на Instagram Instagram

„ДПМНЕ продолжувајќи со својата неспособност кога е во прашање грижата за потребите на граѓаните на Велес, истата улицата “8 ми Март” ја поставија како приоритет во годишната програма на Советот на општина Велес планирајќи нејзина реконструкција за која планираат да се одвојат 150 000 денари.  Ништо не видовме ни од ова!Затоа ве прашуваме –  Господа од ДПМНЕ зошто не е реконструирана улицата 8 ми Март иако истата стои во годишната програма на општина Велес како и во вашата партиска изборна програма од 2009 година  – ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ“, рече Иван Белевски.

Во близина на оваа улица, потсети  живее и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Велешката јавност, рече Белевски,  ја интересира дали на пратеникот Илија Димовски не му смета да ја гледа очајната состојба во која се наоѓа улицата “8-ми Март”?
СДСМ прашува ако за 3,5 години не беа способни на граѓаните на Велес да им ги асфалтираат и осветлат улиците, со кој образ денеска ќе излезат пред нив и ќе им зборуваат за инвестиции во градот, за економскиот локален развој, за отварање на нови фабрики, за нови вработувања или за тоа како да им помогнат да се надмнине проблемот со сиромаштијата.

„Единствено нешто за што е способен и направи ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање велешките улици е тоа што на дел од нив успеа да им ги промени имињата. Освен за улични кумови за ништо друго не ги бива“, рече Белевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

 

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски14/11/2026 - 14:30

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Горан Наумовски14/11/2026 - 14:26

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Горан Наумовски14/11/2026 - 14:25

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:49

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

Горан Наумовски12/11/2026 - 13:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео