СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Од:

СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Тој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, со почеток во 13 часот.

– Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисоките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор), информираа денеска од СДСМ.

На почетокот на највисокиот орган на партијата, обраќање ќе има претседателот на СДСМ Венко Филипче, кое ќе можат да го проследат и медиумите. Потоа следува работниот дел од конгресот, кој ќе биде затворен за јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?