СДСМ утре избира нов лидер на партијата

Од:

СДСМ утре на внатрепартиски избори ќе избира меѓу еден од четворицата кандидати за претседател на партијата. Гласањето ќе се одржи на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади членови на партијата.

Во трката за нов лидер на СДСМ се поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски.

Четворицата кандидати ветуваат реформи во партијата, како и обединување на членството.

Петровска вчера ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

Во изјава за медиумите таа посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.

Сепак, Петровска рече дека ќе се најде на избирачкото ливче в недела, бидејќи избирачките материјали се веќе отпечатени, но нагласи дека таа лично нема да излезе да гласа.

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи. Во врска со забелешките на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право.

Избирачкиот список којшто ќе се најде на 77 избирачки места ширум земјава ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Гласањето ќе започне во 8 часот, а ќе заврши во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена

Мицкоски не ги коментира изборите во СДСМ, на Филипче му посака среќа

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Аврамовска – Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто

Горан Наумовски

Деспотовски: Утре ќе поднесам приговори за забелешките од контролорите