„Во пресрет на утрешната седница очекуваме Уставниот суд при одлучувањето за аболицијата на Ѓорге Иванов да ги заштити Уставот, граѓаните и демократијата во Република Македонија, а не тесноградите интереси на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.
Го повикуваме Уставниот суд итно и неодложно да се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Одлучувањето за СЈО требаше да се случи на првата седница по летните одмори. Ваквиот игнорантски однос кон ова прашање носи неизвесност и директно го поткопува Пржинскиот договор.
Незивесноста околу одлучувањето за СЈО отвора сомнежи дека Уставниот суд свесно влегува во одредени калкулантски игри кои стануваат закана не само кон Договорот од Пржино, туку и кон целокупната демократија“, се вели во соопштението на СДСМ.
