Успешни се изборите во Штип, на гласање излегоа околу 14.500 граѓани, информираше престедателот на Општинската Организација на СДСМ, Александар Кангалов. Тој вели дека потребниот цензус од 33,3 проценти е исполнет, сега следи пребројувањето на гласачките ливчиња од страна на избирачките одбори.
Аналитичкиот центар на СДСМ ќе ги чека резултатите, по што ќе се знае дали во првиот круг е избран градоначалник или ќе има втор круг на 27 декември.
Во Штип на избирачкиот список се запишани 41.777 граѓани, кои гласаа на 77 избирачки места. Гласачките места се затворени, во моментов почнува и пребројувањето на гласовите.
Штипјани можеа да го искористат своето право на глас за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој би имал мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.