СДСМ: Успешни економски политики, инфлацијата е 3,6%, намалена за пет пати

Од:

Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6%. Инфлацијата е намалена за околу пет пати во однос на декември 2022 година, кога изнесуваше високи 18,7%. СДСМ го заштити стандардот на граѓаните, со креирање и реализација на мерки како одговор на високите стапки на инфлација предизвикани од економската и енергетската криза, велат од СДСМ.

– Истовремено, со постигнување на ниска и стабилна инфлација, економските мерки поттикнаа раст на платите. Просечната плата се искачи на највисока вредност досега од речиси 39.000 денари. Со СДСМ ќе продолжат да растат платите и пензиите, како и куповната моќ на граѓаните. СДСМ продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и заштита на животниот стандард на граѓаните – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски