СДСМ: Успешен старт на учебната година со физичко присуство

Од:

Новата учебна година успешно започна со отворени училишта за сите ученици во основното и средното образование. Над 187.000 основци и 70.000 средношколци, со почитување на сите здравствени протоколи, по една и пол година учење на далечина седнаа во своите клупи рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Лидија тасевска.

„Нема подобра опција од настава со физичко присуство, затоа апелираме до наставниците, учениците и родителите доследно да се придржуваме до мерките, бидејќи така ќе одржиме континуитет на настава со физичко присуство и истовремено ќе го заштитиме јавното здравје.Во изминатиот период имаше интензивни подготовки, следејќи ги препораките на надлежните здравствени институции, но и на светските организации како СЗО и УНИЦЕФ. Се изработија протоколи за работа и се преземаа сите други безбедносни мерки од здравствен аспект за да можат училиштата повторно да работат со физичко присуство на учениците и наставниците“ – рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО