СДСМ: Успех за јавното здравство – С. Македонија меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

Од:

„Владата предводена од СДСМ со континуирано инвестирање и унапредување на здравствениот систем, вложувањата во болничките капацитети, набавките на нова современа медицинска опрема, зголемување на платите на лекарите, медицинските сестри и помошниот технички персонал, новите вработувања, го подигнува нивото на здравствената заштита на пациентите.

Потврда е и најновиот извештај на УНИЦЕФ, според кој Република Северна Македонија е рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца. Нашата држава оствари најдобри резултати, во споредба со сите држави во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд , во намалувањето на стапката на мртвородени деца“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ова е огромен успех за македонското јавно здравство, за стручноста и пожртвуваноста на здравствените работници и меѓусекторската соработка на Министерството за здравство, Клиниката за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација за унапредување на перинаталната грижа.

Како одговорна партија СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да вложува во зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Градиме силен и ефикасен здравствен систем“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија