СДСМ: Уште во првите денови градоначалниците на Мицкоски го покажаа режимското лице

Од:

Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице.Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини се вели во соопштението од СДСМ кое е реакција на денешната прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром. Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават. Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови, денес општините се во одлична финансиска состојба. Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски