СДСМ уште еднаш побара ТВ дуел Заев-Груевски

Од:

Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа, прашува СДСМ, како реакција на прес конференцијата на министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

„Дали Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати? Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови“, се наведува во соопштнието.

Од СДСМ уште еднаш потсетија дека партискиот лидер, Зоран Заев, на темата чест и морал, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, „кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски