СДСМ: Уште 98 дена до 8 мај и победа на СДСМ и проевропската коалиција!

Од:

Остануваат уште 98 дена до 8-ми мај и победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ. Граѓаните на слободни, фер и демократски избори ќе го поразат Мицкоски и ДПМНЕ и нивните хорори. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ. Тоа е истата партија од минатото којашто не е поместена ниту милиметар, се вели во соопштението од СДСМ.

– Како владее ДПМНЕ се гледа од работата на нивните градоначалници, кои за 2 години ги уназадија општините, не направија ништо добро за граѓаните, освен што им ги покачија сметките. Понудата на ДПМНЕ е хорор, влечење за коса, враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии. СДСМ нуди поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, со СДСМ е извесна европската иднина со заштитен македонски идентитет. Тоа е изборот пред граѓаните. На 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски