СДСМ: Универзална сала во Скопје ќе ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација

Од:

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, ја отвори можноста за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини, меѓу кои е и реконструкција на Универзалната сала во Скопје.

За целосна реконструкција на Универзална сала, која беше омилена културна институција во Скопје, се предвидени 120 милиони денари буџетски средства“, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека овој чекор е резултат на широката поддршка од јавноста за идејата Универзална сала да биде сочувана во постојната форма, на постојната локација и да го задржи својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

„Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект.

Сепак, Универзална сала не ги задоволува среднорочните и долгорочните потреби за културата во Скопје. Затоа неопходна е изградба на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата, и ред други просторни и технички стандарди за ваков тип на објекти“, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека го слушаат гласот на граѓаните и дека направиле значајни поместувања во позитивна насока за културата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија