СДСМ: Учебната година со физичко присуство се одвива успешно

Од:

Учебната година со физичко присуство се одвива успешно и без проблеми. Над 187.000 основци и 70.000 средношколци, со почитување на сите здравствени протоколи, по една и пол година учење на далечина денес се во своите клупи целосно вклучени во наставно образовниот процес, рече на прес конференција пратеничката на СДСД, Жаклина Лазаревска.

„Нема подобра опција од настава со физичко присувство и затоа е потребно сите, наставниците, учениците и родителите доследно да се придржуваат до мерките за заштита со цел да се одржи континуитетот на наставата со физичко присуство.Освен враќањето на физичкото присуство оваа учебна година е особено важна и поради реформите кои се спроведуваат а кои имаат за цел унапредување на наставниот процес. Од оваа учебна година имаме нова Концепција за основно образование, нови наставни програми и современи материјали за учење, печатени учебници за прво и дигитални за четврто одделение. За првпат се изработени учебници и на Брајово писмо и во аудио формат за ученици со проблеми со видот и тие учебници се навремено во училиштата“ – вели Лазаревска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО