СДСМ: Уценувачки, СОНК одбива покачување на платите од над 2.500 денари

Од:

„Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество. Во разговорите со СОНК, Владата понуди зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500 денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар“, соопшти СДСМ.

„Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза.

Нанесувањето на штета на учениците кои треба да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно. СОНК со одбивањето на понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата.

Согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, а тоа е СОНК.

Сите мора да се водат од интересите на учениците, да не се дозволи прекинот на наставата негативно да влијае врз воспитно – образованиот процес на децата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?