СДСМ: Три дена молк на Мицкоски, на кого ветувал промена на Уставот?

Од:

Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски за јавно поставените прашања. Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот прашуваат од СДСМ.

– Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари? Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев нека не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку нека излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања. Лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго е одамна познато Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа стануваат се порадикални во деструктивното дејствување. Мицкоски е слаб, исплашен и очаен и затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски