СДСМ: Трајановски може само да го извести Груевски дека нивното заврши!

Од:

„Наместо да свикува состаноци со скопските градоначалници, Коце Трајановски треба да се сретне со неговиот наредбодавач Никола Груевски и да го извести дека заврши времето на злоупотреби на парите на граѓаните за раскош, луксуз и за провизии.

Трајановски треба да му каже на Груевски дека новата влада ќе изврши пренамена на парите од централниот буџет.

Ќе се пренаменат 20-те милиони евра кои по наредба на Груевски се трошат за Панорамско тркало.

Ќе се пренаменат 5,7 милиони евра кои само во 2017 година, Груевски сакаше да ги потроши на нови барокни фасади.

Ќе се пренаменат 500 илјади евра, кои Груевски сакаше да ги потроши за партерно уредување на партиското седиште на ДПМНЕ.

Новата влада ќе ги пренамени овие пари за намалување на загаденоста на воздухот.

Со овие пари ќе се овозможи бесплатен јавен превоз за сите граѓани во денови на високо загадување и субвенции за греење за социјално најранливите категории.

Ќе има и посебен сообраќаен режим и времен целосен прекин на сите градежни активности во Скопје.

Единственото нешто што може Коце Трајановски сега да го направи за да го намали загадувањето е да си поднесе оставка и да остави проблемите да ги реши новата влада, а потоа и новиот градоначалник на Скопје кој ќе биде избран на локалните избори во 2017 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ