СДСМ: Трајановски ги призна погрешните политики на раскош и луксуз

Од:

Денеска Коце Трајановски и јавно ги призна погрешните политики на раскош и луксуз, од коишто главниот град во 21-от век се соочи со зарази од нехигиена, реагираат од СДСМ.

Требаше да се помешаат атмосферските води од дождовите со фекалии, сето тоа да се излее во куќите, дуќаните и подрумите на граѓаните, да се прогласи епидемија на жолтица и да излезе на површина дека половина Скопје нема атмосферска канализација, за Трајановски денеска да најави Меморандум за пречистителна станица во Скопје.

Пречистителна станица за отпадни води најавена до 2020 година, не го амнестира Трајановски од одговорност. Скопје се дави после секој дожд, а голем дел од граѓаните немаат пристап до вода за пиење од градскиот водовод.

Задолжувањата на скопјани за барокни фасади, тркала, фонтани, пајтони и споменици покажаа колку Трајановски се грижи за граѓаните, а колку за раскошот и луксузот од којшто интерес има неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски