СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

Од:

Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и да поднесува кривични за сите политичари од сите партии каде има докази, ама може да почне од себе и Јанушев, велат од СДСМ.

„Наместо да спинува со ДУИ, да објасни како тој и Јанушев си направиле бизнис со становите во иста зграда. Нека излезе и нека и каже на јавноста како дошле до конфорните станови со Јанушев и во која постапка.

Што се однесува до ДУИ, очигледно Мицкоски не го информирал дека се во тајна коалиција. ДУИ му обезбеди мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ за измените со кои си направија уште четири министерства за да вдомуваат партиски кадри. Ќе видиме која е цената за тоа, ама коалицијата е веќе направена. СДСМ располага со цела документација за случајот подарок од 325.000 евра и ќе ја објави“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски