СДСМ: Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Артан Груби

Од:

СДСМ денеска го повикаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница за проневера на 8 милиони евра во Државна лотарија. Во спротивно, како што посочуваат, тоа ќе го направи СДСМ.

-Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки, велат од СДСМ.

Oттаму нагласуваат дека доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост.

-Време е Тошковски да престане да се крие и да одговара за целиот настан. СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега, стои во соопштението до медиумите на СДСМ.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека човекот кој го има пропуштено поранешниот вицепремиер Груби „е личен избор на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за таа позиција“. Според неа, полицијата не си ја завршила работата, бидејќи потфрлила контролата на Блаце поставена кај кружниот тек три дена пред бегството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски