СДСМ: Тодоров кажи му на Берово зошто е втор град по смртност на бебиња

Од:

Никола Тодоров во Берово зборуваше за невработеност наместо за неговиот ресор здравство, зашто го гонат морбидни состојби. Во Берово умираат повеќе од 22 бебиња на 1 000 живородени! Берово е втор град во Македонија по смртност на новороденчиња. Но, Тодоров не им објасни на беровските семејства зошто им умираат бебиња во 21 век, велат од СДСМ.

Бидејки смртноста на бебиња во земјава е најголема во општините во коишто недостигаат матични гинеколози и гинеколошки установи, Тодоров мораше да каже зошто ова му се случува на Берово, сметаат од опозициската партија.

Никола Тодоров во Берово без срам, според СДСМ, зборуваше за стапка на невработеност, додека фрапантно расте стапката на смртност на новороденчиња во Македонија. Пред Берово е Дојран каде умираат над 30 бебиња на 1 000 живородени. По Берово е Гевгелија каде умираат 19 бебиња на 1 000 живородени.

„Црните статистики покажуваат дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Тодоров мора да замине!

Граѓаните на Берово, на Дојран, Гевгелија, граѓаните на Македонија ќе ги казнат тендерските политики на Тодоров и Груевски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?